Корисничко име Лозинка Пријави се
25.10.2012

Клуж ја раскина соработката со тренерот

Јоан Андоне, тренерот на романскиот Клуж, договорно ја раскина соработката со клубот, и покрај пристојниот старт во Лигата на шампионите, но разочарувачкиот во домашното првенство.

„Горди сме на сè што остваривме заедно. Андоне секогаш ќе има посебно место во срцата на нашите навивачи“, стои во соопштението на романскиот прволигаш.
Клуж во групата Х на Лигата на шампионите одигра нерешено 1-1 против Галатасарај, иако повеќе од еден час беше со десетмина играчи.
Моментно Клуж е на второто место, зад Манчестер јунајтед, со една победа, пораз и нерешен резултат.
Локалните медиуми, пак, го критикуваа Клуж за слабите резултати во домашното првенство, во кое моментно го зазема десеттото место со 16 бодови од 12 натпревари, односно 13 бодови заостанување зад водечката Стеауа.
Едоардо Реја, поранешниот тренер на Наполи и Лацио, е еден од можните наследници на Андоне, кој би можело да го преземе Рапид од Букурешт, клубот кој го водеше во 2010 година.

Најнови вести