Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2013

Реја се прогласи за нов тренер на Лацио

Иако сè уште не е официјално потврдено, фудбалскиот тренер Едоардо Реја веќе им се обрати на италијанските новинари како нов тренер на прволигашот Лацио.

„Лацио и јас можеме да оствариме големи работи и тоа уште оваа сезона“, изјави Реја за „Ла Република“.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Реја ќе добие договор на година и пол, односно до летото 2015 година. Во договорот, наводно, постои и опција дека улогата тренер може да ја замени со онаа на спортски директор доколку на крајот на сезоната клубот успее да го доведе Мурат Јакин од Базел како прв тренер.
Реја за водењето на екипата до крајот на сезоната ќе добие 400 илјади евра, а тој износ може и да порасне во зависност од успесите на клубот и конечниот пласман во италијанската Серија А. Помошен тренер на Реја би требало да биде поранешниот напаѓач на клубот Симоне Инзаги.

Најнови вести