Корисничко име Лозинка Пријави се
23.11.2017

Лацио без најдобрите против Витесе

Симоне Инзаги, тренерот на Лацио одлучил да ги одмори најдобрите играчи во натпреварот против Витесе, бидејќи „небесно-сините“ ја осигурија првата позиција во групата К од Лигата на Европа.

Лацио по четири одиграни натпревари, има максимални 12 бодови и подобра гол-разлика од второпласираната Ница, која има шест.
Со оглед на дуелот без резултатско значење, Инзаги за Витесе не ги пријави најдобрите играчи – Чиро Имобиле и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, а во тимот нема да биде ниту еквадорскиот напаѓач Фелипе Каиседо.
Шанса од стартот би требало да добие Португалецот Нани, кој по бледите партии, ќе има шанса да го убеди Инзаги дека заслужува поголема минутажа.
Натпреварот се игра вечерва, од 19 часот на „Олимпико“. Витесе во дуелот влегува од последната позиција, со еден освоен бод.

Најнови вести