Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Забранет пристап за жените на трибината каде што стојат најверните навивачи на Лацио

Најверните фанови на римскиот клуб не им допуштаат на жените да седат на трибината „северна кривина“

Навивачите на Лацио предизвикаа лавина од негативни коментари откако оставија писмо по неделниот меч против Наполи во првото коло од Серија А. На трибините беа пронајдни флаери на кои пишува:

„Северната кривина, за нас е свето место. Место кое мора да се почитува. Првите редови на таа трибина ни припаѓаат нам, тие за нас се како ровови. Затоа, ние не сакаме на тие места да стојат жени, сопруги, девојки, тие може да седат од десеттиот ред па нагоре. Сите вие кои доаѓате на стадион да си поминете романтичен ден или, пак, доаѓате само за забава, ве молиме одете си на друго место, тука не сте добредојдени“, стои во писмото кое на крајот со големи букви е потпишано од страна на еден од водачите на „нераскинливите“, Диаболик Плуто.

Најнови вести