Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2018

Интер сериозно се засилува за ЛШ: Дојдоа Де Вриј и Асамоа

Италијанскиот калчолигаш Интер дефинитивно финализираше уште два трансфери.

Од претходно беше договорен трансферот од Лацио на централниот одбранбен фудбалер Стефан Де Вриј, а потпиша и довчерашниот лев бек на Јувентус Квадво Асамоа.
И двајцата фудбалери дојдоа како слободни фудбалер што им овозможува на „нероаѕурите“ да насочат значителни средства кон уште засилувања.
Холандскиот дефанзивец имаше одлична сезона во Лацио, одигра 47 натпревари и постигна седум голови. 
Асамоа е вистински левоног универзалец од Гана кој може да игра на бековската позиција, но и во средината на теренот. Во Јувентус дојде во 2012 година и освои 13 трофеи. Настапил на 156 натпревари и постигна пет голови.
Де Вриј и Асамо им се придружија на веѓе пристигнатите Раџа Најнголан и Матео Политано, но прашање е дали за Интер овој преоден рок заврши.

 

Најнови вести