Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2018

Милан по пенали го елиминира Лацио

Фудбалерите на Милан се пласираа во финалето на Купот на Италија откако го елиминираа Лацио по пеналите.

Првите 90 минути завршија без голови, во продолженијата, исто така, немаше голови, па пеналите го одлучија победникот.
Одлична можност да ѝ донесе победа на неговата екипа имаше Срегеј Милинковиќ-Савиќ во 106-тата минута, но во последен момент Ромањоли го спаси голот на Милан.
Лацио имаше поконкретни шанси, најдобрата ја пропушти Никола Калиниќ, кој беше сам со Донарума, но ја погоди пречката.
Потоа следуваше изведувањето на пеналите, а таму подобро се снајде Милан.
Во првата серија Имобиле ја затресе мрежата за 1-0, а ударот на Родригес го одбрани Стракоша. Џанлуиџи Донарума во втората серија го надмудри Сергеј и го одбрани неговиот удар, како и Стракоша, кој го одбрани ударот на Монтоливо.
Лукас Леива се обиде да го совлада Донарума, но одличниот голман одбрани и во третата серија. Конечно Бонавентура погоди за 1-1.
Во четвртата серија успешни беа Пароло и Борини, како и Андерсон и Бонучи во петтата, Лулиќ и Чалханоглу во шестата. Во седмата серија Луис Фелипе топката ја испрати преку голот, а Ромањоли погоди за 5-4 за победа и пласман во финалето на „росонерите“.
Во финалето на Купот на Италија, на деветти мај, Милан ќе игра против Јувентус, кој претходно обезбеди финале.

Најнови вести