09.1.2018 Касерес потпиша за Лацио
Уругвајскиот репрезентативец Мартин Касерес е нов фудбалер на Лацио, соопшти римскиот клуб.
Поранешниот дефанзивец на Барселона, Севилја и Јувентус, кој последните шест месеци ги мина во Верона потпиша договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште една.
Триесет годишниот Касерес за репрезентацијата на Уругвај одигра 75 натпревари и постигна четири гола.