Корисничко име Лозинка Пријави се
13.7.2011

Лацио плати шест милиони евра за Џибрил Сисе

Дваесет и деветгодишниот француски напаѓач Џибрил Сисе потпиша двегодишен договор со Лацио, потврди римскиот клуб.

Досегашниот фудбалер на Панатинаикос годишно би требало да заработува 2,1 милион евра, а медиумите во Италија наведуваат дека италијанскиот клуб му платил на грчкиот шест милиони евра оштета. Сисе вчера утрото слета во Рим на лекарски прегледи, а откако потпиша договор, наскоро би требало да им се приклучи на новите соиграчи коишто под тренерската палката на Едоардо Реја се наоѓаат на подготовки во Ауронцо ди Кадоре. Сисе во досегашната кариера играше за Арле, Ним, Оксер, Луверпул, Марсеј, Сандерленд и последните две години за Панатинаикос. Во двете сезони беше најдобар стрелец во грчката лига.

За француската репрезентација одигра 40 натпревари и постигна девет погодоци.

Најнови вести