Корисничко име Лозинка Пријави се
24.3.2012

Лацио без Клозе најмалку две седмици

Мирослав Клозе, репрезентативецот на Германија, го повреди бутниот мускул на тренингот на Лацио и поради тоа му следуваат неколку седмици надвор од терените.

Италијанските медиуми известија дека триесет и тригодишниот Германец веќе заминал за Минхен, каде што ќе почне со лекување на повредата.

Клозе ќе ги пропушти најмалку следните две кола од италијанската Серија А, во кои неговиот Лацио најпрвин ќе игра на домашен терен, а ќе го нагости Калјари, а потоа, седум дена подоцна, ќе гостува кај Парма.

Германскиот напаѓач сезонава е еден од најважните играчи во нападот на Едоардо Реја, со постигнати тринаесет погодоци на дваесет и пет натпревари во сите конкуренции.

Најнови вести