Корисничко име Лозинка Пријави се
16.4.2012

Дијас се враќа на терените

Конечно добри вести за Лацио, одбранбениот играч Андре Дијас почна со тренинзи и ќе му се стави на располагање на тренерот Едоардо Реја за останатите натпревари од првенството.

Римскиот клуб се бори за третата позиција, која води во квалификациите од Лигата на шампионите, но се наоѓа во мал пад на формата, а се соочува и со голем број повредени играчи. Дефанзивниот играч досега пропушти многу натпревари, а во првенството настапи само на дваесет меча.
Триесет и двегодишниот Бразилец почна со целосни тренинзи и според зборовите на Реја, тој уште овој викенд, дома против Лече, ќе биде фрлен во оган.
Сепак, покрај добрите вести, стигна и информацијата дека германскиот репрезентативен напаѓач Мирослав Клозе е отпишан до крајот на сезоната.

Најнови вести