Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2011

Претседателот на Лацио: Ја одбив оставката на Реја

Едоардо Реја, тренерот на Лацио, посака да си замине од римскиот клуб по домашниот пораз (2-0) во неделата, во Серија А, од Џенова.

По натпреварот, навивачите на Лацио го исвиркаа Реја, кој јавно го изрази своето разочарување од работата во клубот во кој навивачите ниту го сакаат и ниту го поддржуваат. Во првите две кола од првенството Лацио не оствари ниту една победа. Пред поразот од Џенова, ремизираше со Милан.
Клаудио Лотито, претседателот на „небесно-сините“, тврди дека Едоардо Реја ја понудил својата оставка.
„Не ја прифатив оставката на нашиот тренер и нема да допуштам да си замине. Сè додека јас сум претседател, Реја ќе биде недопирлив! Тој само сака да покаже дека е несреќен во градот во кој навивачите не го сакаат“, рече Лотито, кој се состана и со екипата, па ги уверуваше играчите дека мора да го наговорат Реја да остане на должноста шеф на стручниот штаб.
Реја, и покрај тоа, е несреќен и тоа не го крие. Расплетот на овој случај се очекува на денешната конференција со новинарите. Доколку Реја го напушти кормилото на Лацио, како негови можни наследници се споменуваат: Луиџи дел Нери, Пасквале Марино, Роберто Донадони и Рафаел Бенитес.

Најнови вести