Корисничко име Лозинка Пријави се
27.9.2018

Балардини: Пандев е шампион, се налути што го сменив толку рано

Македонскиот капитен очигледно бил незадоволен од одлуката на неговиот тренер да го замени во 56-тата минута, само две минути откако го постигна голот за 2-0 над Киево.

Тренерот на Џенова, Давиде Балардини, по мечот против Киево, во кој домаќините славеа со 2-0, ја објасни ситуацијата кога Горан Пандев беше заменет во 56-тата минута од средбата, само две минути откако го зголеми водството на Џенова. Нашиот капитен очигледно беше незадоволен што го напушти теренот толку рано, а на неговиот тренер му се допадна неговата реакција, што е доказ дека се работи за играч со шампионски карактер.
„Горан беше лут кога го виде својот број на семафорот, според неговата реакција, можете да заклучите дека се работи за шампион. Ми се допадна неговата реакција, покажува дека се работи за голем играч, кој сака да игра цело време и да му помогне на тимот. Неговата реакција треба да биде охрабрување за останатите во екипата, сите треба да го следат него како пример“, истакна Балардини по мечот.

Најнови вести