Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Навивачите во лутите ривали во Џенова „изградија“ нов мост

Фановите на Сампдорија и Џенова заеднички помагаат по катастрофата што се случи во градот

Цела Италија уште е во неверување по трагедијата што се случи во Џенова кога се сруши еден мост и однесе повеќе од 40 животи. Никој не ни претпоставуваше дека постои таква опасност, па за време на падот на мостот, преку него се превезувале повеќе од 30 автомобили. 
По несреќата, граѓаните со здружени сили помогнаа во обидот да се најдат преживеани, а сега и во расчистувањето на рушевините. Едни од оние кои најбрзо се организираа и постојано се на помош се навивачите на двата италијански калчолигаши Сампдорија и Џенова. 
Иако на фудбалското поле се големи ривали, кога се работи за вакви трагедии, навивачите создаваат вистински мост на солидарноста. 
Ова не е првпат симпатизерите на двата клуба да се сплотат и да помогнат во името на градот. Пред неколку години во Џенова имаше големи поплави, а и тогаш фановите на двата тима беа тие кои најмногу помогнаа.

 

Најнови вести