Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Не е лага: Сампдорија го промовираше Роналдо!

Италијанскиот калчолигаш ја украде идејата од промоцијата на Кристијано

Екипата на Сампдорија смисли оригинален начин како да го сврти вниманието на светскиот фудбал. Тимот од Џенова во своите редови го доведе Роналдо Веира од англискиот Лидс, а начинот на претставување беше веќе познат од пред неколку недели.
Сампдрија ја направи истата најава за доаѓање на нивниот Роналдо, како што тоа го направи Јувентус, кога потврди дека во Торино ќе заигра Кристијано Роналдо.  
Овој Роналдо на Сампдорија сигурно нема да биде ни половина добар од тој во Јувентус, но барем и клубот од Џенова може да се фали дека има свој Роналдо. 

Најнови вести