Корисничко име Лозинка Пријави се
04.3.2015

Реја нов тренер на Аталанта

Клубот од Бергамо изјави дека го отпуштил Стефано Колантуоно и дека на негово место ќе биде ангажиран Едоардо Реја, поранешниот тренер на Лацио.

Како што е вообичаено по смената на тренерот, клубот му се заблагодари на поранешниот тренер за сработеното.
„Аталанта потврдува дека тренерот Стефано Колантуоно е сменет и дека него ќе го замени Еди Реја. Клубот му се заблагодарува на господинот Колантуоно за сè што направи во претходните пет години“, наведено е во соопштението.
Аталанта моментно се наоѓа на 17-тото место на табелата на Серија А, со три бодови повеќе од Калјари, кој е во зоната за испаѓање. Во последните четири натпревари Аталанта врза четири порази.
Шеесет и деветгодишниот Реја водеше бројни клубови, меѓу останатите споменатиот Лацио, Хајдук од Сплит, Наполи, Катанија, Калјари, Џенова... Би можело да дебитира уште во недела, против Парма во гости, доколку домаќинот успее да го организира натпреварот покрај финансиските проблеми.

Најнови вести