Корисничко име Лозинка Пријави се
03.12.2014

Антиќ двоцифрен во победата на Аталанта над Бостон

Македонскиот кошаркар Антиќ постигна десет поени во победата на Атланта над Бостон селтикс со 109:104, што беше негов прв двоцифрен учинок во оваа сезона.

„Јастребите“ заостануваа со 21 поен во втората четвртина од средбата, но во второто полувреме направија пресврт и на крајот успеаја да победат на натпреварот.
Антиќ одигра 20-тина минути на натпреварот и за тоа време постигна десет поени, три скока и три асистенции.
Најефикасен играч во Атланта хокс беше Кајл Корвер, кој постигна 24 поени.
Атланта игра одлично оваа сезона и ова е десетта победа за екипата во која настапува Антиќ, со која се искачи на третото место во Источната конференција.

Најнови вести