12.6.2018 Ја освои Евролигата, беше во НБА, дали ќе се збогува дома?
Кошаркарите на Ѕвезда по финалето на плејофот, во својата збирка додадоа уште еден трофеј, а во следната сезона можеби ќе останат без еден од своите најтрофејни играчи.
Со денови пред финалето, во кое „црвено-белите“ со 3-0 го победија ФМП и ја заверија четвртата шампионска титула на Србија во четири години, меѓу нивните навивачи се јавуваше прашањето дали завршувањето на финалето значи и крај на кариерата на Перо Антиќ.
Македонскиот центар, еден од најдобрите, најтрофејните и најискусните кошаркари на овој состав, можеби, на разочарување на навивачите на Црвена ѕвезда, по ФМП и по титулата пред своите навивачи во „Пионир“ ќе рече доста е и ќе се пресели на трибините.
Планот беше 35-годишниот Антиќ последната сезона во кариерата да ја одигра во дресот на Црвена ѕвезда, но на почетокот на годината даде надеж дека тоа можеби не е сè што може да му даде на овој клуб.
Во прилог да остане на теренот е адреналинот од играњето за Ѕвезда, но против таа одлука зборуваат повредите кои оваа сезона неколкупати го одделија од паркетот.
Во текот на првата епизода во дресот на Ѕвезда меѓу 2005 и 2007 година, Антиќ не успеа да ја освои шампионската титула на Србија бидејќи сите тие години доминантен беше Партизан.
Титулата сега е на масата. Перо во текот на кариерата играше во многу клубови, ја освои Евролигата, Македонија со Мекејлеб ја одведе до сензација на Евробаскетот во 2011, стигна дури до НБА-лигата на над 30-годишна возраст.
Ако се погледне разумно, сите овие аргументи, заедно со тој на масата, водат кон пензија.
„Тоа беше планирано, не е нешто што тукутака го одлучив, моето тело рече така. Се гледа дека сè уште имам желба, но за тоа понатаму, ќе зборуваме на крајот на сезоната. Ја сакам кошарката и уживам. Сè додека уживам. Ќе играм, кога ќе почнам да ја работам, тогаш е време за пензија“, изјави Антиќ во јануари.
Сезоната сега е завршена, а навивачите на клубот од Мал Калемегдан со нетрпение очекуваат да слушнат што ќе каже телото на Перо, а потоа тој да им пренесе на сите нив.