Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Перо Антиќ не се делеше од Обрадовиќ во Љубљана

Двајца Македонци ќе играат на вечерашниот спектакл во престолнината на Словенија

Перо Антиќ и Владо Илиевски ќе бидат македонските учесници на вечерашниот спектакл во 20 часот во „Стожице“ во Љубљана, каде што на ревијален кошаркарски меч ќе се појават многу европски ѕвезди во чест на Боштјан Нахбар и Сани Бечировиќ, кои ги завршија кариерите.
Синоќа се одржа забава и аукција, на која дрес на Лука Дончиќ беше продаден за 15.000 евра, а истиот човек кој го плати, има и патики од Дончиќ, па на шега кажа дека сега му фалат само уште гаќи, па да има цел комплет. Парите од аукцијата ќе одат за талентираните спортисти и социјално загрозените семејства. 
Според фотографиите од синоќешниот настан, екскошаркарот на Фенербахче, Перо Антиќ, постојано бил во друштво на неговиот поранешен тренер Жељко Обрадовиќ. Македонскиот центар уште е во потрага по клуб откако стана јасно дека нема да остане во Црвена ѕвезда. 
Перо не беше единствениот Македонец на забавата во музејот во Љубљана. Таму беше и Илиевски, кој е поранешен повеќегодишен член на Олимпија и има словенечко државјанство, а од Македонците поврзани со кошарката и Словенија беа и поранешниот директор на МКФ, Илија Мерџановски, и Ѓорѓе Војновиќ (директор во осигурителната компанија „Триглав“). 

 

Најнови вести