Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Прв гол на Аврамовски како „змеј“

Даниел Аврамовски даде гол на гостувањето во Финска и тоа е негово сефте во дресот на Олимпија

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски со голот на гостувањето кај ХЈК даде свој придонес во пласманот на љубљанската Олимпија во плејофот за групите од Лигата на Европа. Овој 23-годишен Македонец ја затресе мрежата на Финците во 72-рата минута и тоа е негово сефте како член на „змајчеките“. Олимпија победи со 4-1 и со вкупни 7-1 оди понатаму. 
Аврамовски во декември 2016 потпиша три и пол годишен договор со Олимпија, но минатата сезона ја мина како позајмен во Војводина. Сега се врати во Олимпија и против Спартак Трнава ќе се бори за влез во групите од ЛЕ. 
Од нашите интернационалци, во баражот за влез во ЛЕ ќе играат и Иван Тричковски, кој е прв стрелец на АЕК Ларнака, и Даниел Мојсов од истиот клуб, а место има и за Шкендија, која вечерва ќе го дознае својот ривал, веројатно тоа ќе биде норвешкиот Розенборг.