Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2016

Николиќ доби отказ од Олимпија поради расизам

Српскиот тренер Марко Николиќ и Олимпија од Љубљана спогодбено го раскинаа договорот, соопшти сопственикот на клубот Милан Мандариќ.

До прекинот на соработката дојде по казната од седум натпревари суспензија во која Николиќ ја заработи поради расистичките изјави на сметка на еден црномурен играч на Олимпија, што значи дека тој до крајот на сезоната не може да го води тимот.
„Одлуката не беше лесна, но како претседател немав друга опција. Николиќ беше добар тренер, но направи прекршок кој не може да се толерира. Долго сум во фудбалот, имам големо искуство, но вакво нешто никогаш не сум доживеал. Олимпија ја преземав поради големиот потенцијал и клубот мора да биде пример во однесувањето во спортот“, изјави Мандариќ.
Олимпија по 30-тото коло води во првенството во Словенија со 62 бодови, два повеќе од второпласираниот Марибор.