Корисничко име Лозинка Пријави се
08.2.2012

Реднап ослободен од обвинението

Хари Реднап, менаџерот на Тотенхем, заедно со поранешниот сопственик на Портсмут, Милан Мандариќ, се ослободени од сите обвиненија дека затајувале данок.

По три седмици судење, Реднап беше ослободен од сите обвиненија дека проневерил стотици илјади фунти за време на неговиот престој во редовите на „помпеите“.
Двојката беше обвинета дека затаила данок во висина од 800.000 фунти, кои се пронајдени на сметка во Монако, на име Рози, името на кучето на познатиот стратег. Сепак и двајцата успеаја да излезат од оваа афера чисти, а бизнисменот Мандариќ изјави дека целиот процес бил ноќна мора.
Токму поради овој судски процес искусниот стратег не беше на клупата на Тотенхем на натпреварот против Ливерпул, кој се одигра во понеделникот. Со донесувањето на оваа одлука, Реднап сега ќе може целосно да му се посвети на својот тим, а и понатаму останува главен фаворит за селекторската позиција на Англија, откако на Фабио Капело ќе му истече договорот.

Најнови вести