02.6.2015 Барселона го сака Антиќ
Перо Антиќ, нашиот крилен кошаркар на Атланта хокс, по две години поминати во НБА-лигата, ова лето би можело да се врати во Европа.
На триесет и тригодишниот Антиќ му истече договорот со тимот од Џорџија, а неговото име се најде на списокот со желби на Барселона. Каталонците се подготвуваат да ја реновираат екипата и, наводно, за нашиот кошаркар подготвиле подобар договор од тој што го имаше во САД.
За него заинтересиран е и Реал Мадрид, меѓутоа, Каталонците се фаворит во трката за некогашниот играч на Работнички, АЕК, Црвена ѕвезда, Лукоил, Локомотив, Спартак од Санкт Петербург и Олимпијакос.
Антиќ оваа сезона во најсилната лига на светот одигра 63 натпревари и имаше просечен учинок од 5,7 коша, три асистенции и 0,8 скокови.