Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2015

Вориорси ja продолжија серијата победи

Тренерот на Детроит, Стен ван Ганди, предвиде дека Селтикс ќе го нанесе првиот пораз на Голден стејт, беше близу но Вориорс сепак славеа со 124:119, со тоа стасаа до серија од 24-0.

Голден стејт вориорс играа без Клеј Томпсон и Херисон Барнс, Стеф Кари имаше најлоша шутерска вечер во сезоната, но Вориорси некако успеаја да го преживеат гостувањето во Масачусетс, па и понатаму ја продолжија серијата победи, 24-0. Селтикс во регуларниот дел имаа две шанси за триумф, првата Ливингстон ја блокираше шансата на Ајзеја Томас, а потоа непрецизен беше Олиник.
„Беше исцрпувачки, но забавно. Убаво е тоа што победивме, но моравме добро да се избориме за тоа“, изјави Кари, кој натпреварот го заврши со 38 поени, имаше 11 скокови и 8 асистенции.
Сметајќи ги и четирите победи од минатата сезона Голден стејт има постигнато 28 триумфи во низа, со што се изедначија со Мајами Хит од сезоната 2012/2013 година, на втората позиција на вечната листа- најдолга низа и понатаму ја држи Лејкерс со 33 победи во сезоната 1971/1972 година.
Голден стејт патува во Милвоки и со тоа ја комплетира турнејата од седум гостувања, никогаш ниеден НБА тима немал резултат од 7-0 на ваква турнеја.
„Уживаме во сето ова бидејќи не се случува често. Рекорд, историја, тим, кој знае? Можеби следната година ќе бидеш во друг тим и никој нема да зборува за тебе“, изјави Ендрју Богут.
Демонд Грин го пратеше Кари со 24 поени, 11 скокови и 8 асистенции, Игуадал имаше 12 поени, 10 скокови 5 асистенции, Езили запиша 12 поени и 12 скокови, а 12 поени додаде и Ливингстон.
Кај Селтикс кој сега се на 13-10, блескаше Кели Олиник со 28 поени, Бредли постигна 19 поени, Томас имаше 18 поени и 10 асистенции додека пак Тарнер забележа 13 поени, 9 скокови и 6 асистенции.
„Тие се шампиони и го сторија тоа што им беше потребно, но Кари и покрај сè одлично ја заврши работата“, изјави Тарнер.

Најнови вести