Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2016

Бостон ја прекина серијата на Голден стејт

Кошаркарите на Бостон синоќа ја прекинаа низата на Голден стејт вориорс од 54 победи на свој терен.

Бостон го направи едно од најголемите изненадувања оваа сезона. Селтикс ја прекинаа низата на шампионот од 36 победи во низа во Оукленд оваа сезона, односно вкупно рекордни 54 во регуларната сезона ако се смета и претходната. Гостите во почетокот на последната четвртина отидоа на +10, а потоа ја одржуваа предноста до самиот крај на натпреварот.
Триото Ајзеја Томас (22 поена, 6 асистенции), Еван Тарнер (21 поен, по 5 скокови и асистенции) и Џаред Салинџер (20 поени, 12 скокови) го предводеше тимот од Масачусетс, додека Стефен Кари не успеа да погоди тројка за продолжување, и во првиот неуспех на Вориорси во „Оракл арената“ по 14 месеци забележа 29 поени (8-14 за три) со 6 асистенции.

Најнови вести