27.10.2015 Јувентус без Переира и Асамоа
Роберто Переира и Квадво Асамоа, фудбалерите на Јувентус, ќе мора да паузираат поради повреда, соопшти нивниот клуб.
Переира поради повреда мораше да излезе по 37 минути од натпреварот со Аталанта во неделата и ќе паузира околу 40 дена.
Неговата замена, Асамоа, исто така имаше проблеми со мускулот и него го чека пауза од околу три седмици.
„Переира во текот на натпреварот имаше проблем со мускулот во десниот бут. Прегледите коишто беа направени вчера установија дека во прашање е повреда од втор степен за која се проценува дека времето за закрепнување е 40 дена. Асамоа, исто така, претрпе повреда на мускулот, и тоа во левиот бут. Се прогнозира дека ќе паузира 20 дена“, се наведува во соопштението на Јувентус.