Корисничко име Лозинка Пријави се
10.2.2015

Конте под истрага поради местење натпревари

Антонио Конте, селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, се наоѓа меѓу 130-те лица коишто се формално известени дека се под истрага за местење натпревари.

Конте е под истрага за местење натпревари во периодот додека бил тренер на Сиена во сезоната 2010/11. Наводно, тој бил вмешан во местење натпревари на крајот на сезоната, кога Сиена веќе имаше обезбедено пласман во Серија А.
Исто така, под истрага е и Стефано Колантуоно, тренерот на Аталанта. Конте, кој негираше дека е вмешан во местење натпревари, веќе беше суспендиран на четири месеци во овој случај.
Од средината на 2011 година во Италија се приведени повеќе од 50 луѓе под сомнение дека местеле натпревари.

Најнови вести