Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Несторовски погоди, Палермо испадна во купот

Илија Несторовски го постигна почесниот гол за Палермо во поразот од Каљари во раната фаза од италијанскиот Куп

Несторовски и Трајковски беа стартери во составот на Палермо на гостувањето на Сардинија кај Каљари, а капитенот на тимот од Сицилија постигна и гол. Почесен за гостите, кои загубија со 2:1 и ги завршија натпреварите во италијанскиот Куп. Паволети му донесе предност на Каљари, потоа Несторовски израмни со гол во 52. минута, а повторно Паволети беше прецизен за триумф на домашната екипа. 
Следна цел за Палермо е успешен старт на натпреварите во Серија Б во обидот да се обезбеди враќање во највисок ранг на натпревари во Италија.

 

Најнови вести