Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Палермо избегна шок од Виченца во Купот на Италија

Несторовски и Трајковси сепак, продолжуваат во следната фаза од натпреварувањетo

Палермо се пласира во следната фаза од Купот на Италија по изведувањето на пенали против Виченца(1:1 90’, 2:2 120’, 6:5 на пенали). Пред домашна публика „росанерите“ мораа на два пати да се спасуваат во последните моменти од средбата. 

Откако Виченца реализираше пенал преку Џакомели во судиското надополнување по деведесет минути, Рајковиќ ги врати надежите на Палермо во последната минута од средбата. Во продолжението гостите одново беа на прагот до победа, овој пат за 2:1 погоди Тронко, но, српскиот дефанзивец имаше други планови. Рајковиќ повторно погоди во последната минута од мечот за победникот да се реши по пенал-рулет.

Несторовски за малку ќе беше трагичар. Капитенот го промаши првиот обид за Палермо, Трајковски го поправи својот сонародник, за потоа домаќините да ги реализираат следните шест шутеви од белата точка, додека Брињоли се истакна со две клучни одбрани.

Во следната фаза од Купот на Италија, Палермо гостува кај Каљари.

Најнови вести