Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2017

Милан против Интер во четврт-финалето на Купот на Италија

Екипата на Милан со 3-0 ја победи Верона во осминафиналето на Купот на Италија и во наредното коло ќе игра со градскиот ривал Интер.

Избраниците на Џенаро Гатузо натпреварот го решија за седум минути. Прво во 23-тата Сусо погоди за 1-0, а потоа во 30-тата минута Алесио Ромањоли зголеми на 2-0.
Со тој резултат отидоа на пауза, а во второто полувреме домаќините успеаја да постигнат уште еден гол.
Во 55-тата минута младиот Патрик Кутроне го постави конечниот резултат. Овој пат Сусо се најде во улога на асистент, па со тоа Шпанецот го понесе епитетот најдобар играч на натпреварот.
Милан во четврт-финалето ќе се сретне со Интер, кој по драмата, го елиминира третолигашот Порденоне.
Меѓу најдобрите осум се пласира и Фиорентина, која со 3-2 ја совлада Сампдорија. Херој на „виолетовите“ беше Верету, кој во 90-тата минута погоди за победа на неговиот тим, и тоа од белата точка.
Фиорентина во четврт-финалето ќе игра против Лацио или против Читадела.
Парови за осминафиналето на Купот на Италија се уште: Наполи – Удинезе, Аталанта – Сасуоло, Рома – Торино и Јувентус – Џенова.

 

Најнови вести