Корисничко име Лозинка Пријави се
29.1.2016

Бориело во 12-тиот клуб во кариерата

Италијанскиот фудбалер Марко Бориело помина во Аталанта и така потпиша за 12-тиот клуб во кариерата.

Бориело на својот Твитер профил потврди дека го напушта Карпи и кариерата ја продолжува ви тимот на Аталанта.
Триесет и двегодишниот напаѓач во Аталанта ќе го замени капитенот Херман Денис, кој одлучи да се врати во својата татковина и да игра за аргентинскиот Индепендиенте.
Бориело за 15 години, меѓу останатото играше два пати за Милан, три за Џенова, Рома, Јувентус и Вест хем.
Најголемите успеси ги имаше во дресот на Милан со кои ја освои Серија А, Лигата на шампионите и УЕФА Суперкупот.
За репрезентацијата на Италија настапи седум пати.

Најнови вести