Корисничко име Лозинка Пријави се
18.2.2013

Милито успешно опериран, најбрзо враќање за пола година

Невнимателно, но многу опасно, уште на почетокот на средбата од Лигата на Европа меѓу Интер и Клуж (2-0) во четвртокот се повреди аргентинскиот напаѓач во редовите на италијанската екипа Диего Милито.

Лекарите на Интер веднаш увидоа дека Милито опасно го повреди коленото на левата нога (лигаментите), па уште во првиот момент прогнозираа деветмесечна пауза за овој напаѓач.
Подоцна Милито направи магнетна резонанца која покажа, меѓу останатото, големо оштетување на вкрстениот и колатералниот лигамент, а остатокот од коленото прилично здробен.
Во саботата, во поликлиниката „Сан Матео“ во Павија, на Милито му беше извршена операција и според наводите на клупските лекари, поминала без проблеми. Првите прогнози говорат дека Милито, доколку во текот на рехабилитацијата биде сè совршено, на теренот можно е да се врати за шест месеци. Секако, можна е и подолга пауза.

Најнови вести