Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2012

Дунга цел на Фиорентина и Лацио

Дунга, поранешниот селектор на Бразил, е цел на два италијански клуба коишто ова лето останаа без тренер - Фиорентина и Лацио.

Пред крајот на сезоната во Серија А, Фиорентина го отпушти Делио Роси, додека, пак, по последниот првенствен натпревар, клупата на Лацио ја напушти Едоардо Реја. И двете екипи изразија желба тренер во наредната сезона да им биде токму овој бразилски стратег.
„Во моментов решавам некои фамилијарни, приватни работи. Важно ми е дека понуди стигаат и дека набргу ќе се вратам на тренерската работа. Се чувствувам подготвен за сериозна работа, меѓутоа, имам намера да изберам клуб со кого ќе можам да договорам долгорочен проект. Сакам да работам онаму каде што ситуацијата е стабилна, без големи промени на стратегија“, изјави капитенот на репрезентацијата на Бразил, која во 1994 година стана светски шампион.
Фиорентина се надева дека ќе им предност во доведувањето на овој стратег бидејќи тој четири сезони од својата играчка кариера ги мина токму во нејзините редови.

Најнови вести