Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2018

Тите ќе ги води Бразилците и во Катар

Како што соопшти Фудбалската федерација на Бразил, Тите, актуелниот селектор на тимот А, потпишал нов договор, па на клупата ќе остане и во наредните четири и пол години.

Фудбалскиот сојуз на Бразил со тоа на бразилскиот стручњак му покажал доверба и за претстојните репрезентативни акции, заклучно со Светското првенство во Катар 2022 година.
Високоценетиот и популарен тренер во Бразил го презеде Селесао во 2016 година, откако доби отказ претходниот селектор Карлос Дунга.
Бразилците со Тите на чело први низ квалификациите обезбедија пласман на Светското првенство во Русија, но на Мундијалот беа елиминирани во четврт-финалето од Белгија (2-1).
По елиминацијата од Мундијалот, Тите во Бразил не го дочекаа лошо, како што беше тоа случај со претходните селектори по неуспесите, туку доби поддршка од јавноста да продолжи со својата работа, а тоа со новиот договор и го формализира.

Најнови вести