Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2018

Бразил рутински со Србија, реми на Швајцарија со Костарија

Бразил со 2-0 ја победи Србија и ја заврши групата на првото место, во осминафиналето се пласира и Швајцарија која ремизираше 2-2 со Костарика.

Бразил ја оправда улога на голем фаворит пред мечот, беше подобар противник и заслужено славеше со 2-0.
Бразилците подобро го почнаа натпреварот, нападнаа, пропуштија шанси преку Нејмар и Габриел Жесус пред да го отворат резултатот. Тоа се случи во 36. минута кога Паулињо го лобуваше Владимир Стојковиќ за водство од 1-0.
Србија подобро го почна второто полувреме, тргна напаѓачки, имаше неколку можности преку Митровиќ, но откако не ги искористи стигна казна.
Тиаго Силва во 68-ата минута по корнер најдобро се снајде и го совлада Стојковиќ за конечни 2-0.
Во вториот натпревар Швајцарија и Костарика одиграа нерешено 2-2.
Костарика имаше страшен почеток на мечот, ја погоди и пречката и стативата од голот на Швајцарија, а откако не успеаја да реализира тоа го направи противникот. Во 31-ата минута Џемаили ги доведе Швајцарците во водство од 1-0.
По десет минути игра во вториот по еден корнер Вастон реализираше со глава за израмнување на 1-1 и за прв гол на Костарика на ова Светско првенство.
Дрмиќ во 88-ата минута погоди за ново водство на Швајцарците, но во 93-тата минута Руиз од пенал ги постави конечните 2-2.
Бразил со седум бода го освои првото место во групата, Швајцарија е втора со пет, Србија трета со три, Костарика на последното место со еден бод.
Во осминафиналето Бразил ќе игра против Мексико, а Швајцарија со Шведска.

Најнови вести