05.9.2018 Крстајиќ се поти - Никој не сака да игра за Србија
Селекторот на Србија, Младен Крстајиќ, се соочува со огромни кадровски проблеми, а на серијата откажувања им нема крај
Матија Настасиќ се откажа од настапите во репрезентацијата на Србија, а на серијалот откази и простувања од дресот со национални обележја на популарните „орли“ како да им нема крај.
Претходно од списокот беше избришан и Лука Миливојевиќ, го нема ниту голманот Стојковиќ, а уште неколку стандардни репрезентативци или се откажаа или ги нема на списокот на Крстајиќ.
Српските медиуми пишуваат за серија скандали за време на Мундијалот во Русија, а дел од репрезентативците обвинуваат дека менаџери му го составувале тимот на Крстајиќ.