Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Роналдо е на интензивна нега на Ибица

Бразилецот тешко се разболел додека бил на одмор

Еден од најдобрите фудблаери во историјата на фудбалот, Луис Назарио де Лима Роналдо е во болница. Пензионираниот бразилски фудбалер бил на одмор во Шпанија на Ибица, каде тешко се разболел, па морало да биде хоспитализиран. 
Се претпоставува дека се работи за воспалување на белите дробови, односно пневмонија.

Роналдо има своја куќа на Ибица и престојувал таму, кога морал да побара лекарска помош. Синоќа, најпрво бил хоспитализиран, а подоцна и префрлен во приватна болница. 

Според информациите, Роналдо уште е на интензивна нега, но полека ситуацијата се подобрува. Роналдо досега немал посериозни здравствени проблеми, освен тоа што по завршување на играчката кариера нагло се здебели и има проблеми со телесната тежина. 

 

Најнови вести