Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Реал Мадрид најде наследник за „седмицата“ на Роналдо

Прашање е дали ќе се најде вистинска замена за Кристијано?

По заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, дресот со бројот 7 остана слободен на „Сантијаго Бернабеу“. Шпанскиот гигант цело лето е во потрага по замена за португалската ѕвезда. Таков играч тешко дека во скоро време ќе заигра за мадридскиот тим. Сигурно нема да биде како Роналдо, но Реал најде играч кој ќе го носи дресот со бројот 7 во новата сезона. 
Маријано Дијаз се врати во Мадрид и ќе ја добие „седмицата“. Играчот кој е дел од младинската школа на Реал, минатата сезона играше за Лион и блесна. Во 37 средби во француското првенство даде 18 погодоци. 
Сега Дијаз се враќа во Реал, и тоа со голема чест. Ќе го носи дресот со бројот седум кој до неодамна му припаѓаше на Роналдо. 

 

Најнови вести