Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Одлични вести за Роналдо од Шпанија

Бразилската легенда е во многу подобра здравствена состојба

Еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот, Бразилецот Роналдо е отпуштен од болницата на Ибица. Пред два дена, Роналдо беше хоспитализиран поради пневмонија. Тогаш ситуацијата беше сериозна, но лекарите успеаа да ја стабилизираат неговата состојба. 
По добиената терапија, ситуацијата со Роналдо се подобри, па лекарите дозволија тој да си замине од болницата. Бразилецот има своја куќа на Ибица и бил на одмор. 
Во блeскавата кариера, Роналдо два пати беше светски првак со Бразил, два пати ја освојуваше „Златната топка“ и го доби сите најзнајачни индивидуални награди. На клупски план, ги бранеше боите на Крузеиро, ПСВ Ајнтховен, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан и Коринтијанс. 

 

Најнови вести