Корисничко име Лозинка Пријави се
09.7.2018

Навивачите го каменуваа автобусот со играчите на Бразил

Фудбалерите на Бразил откако пристигнаа во татковината по дебаклот на Мундијалот во Русија, беа дочекани бурно.

Нема сомнение дека големите фаворити за освојувањето на пехарот ја растажија нацијата во четврт-финалето од Белгија, но ваков бурен дочек малкумина очекуваа.
Навивачите покрај патот го пречекаа автобусот кој ги превезуваше првотимците на јужноамериканската селекција и го гаѓаа со камења.
Бразилците не можеа да се помират со раната елиминација, па целиот бес го истурија на автобусот и само чиста среќа е што не беше повреденникој од играчите или од стручниот штаб.

Најнови вести