Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2018

Нејмар повреден го напушти тренингот на Бразил

Откако во понеделникот го пропушти тренингот на репрезентацијата на Бразил, Нејмар вчера тренингот на екипата го напушти само по 15 минути.

Нејмар не тренираше во понеделникот, но објаснувањето од кампот беше дека тоа е стандардна процедура по натпревар.
Вчера тој со куцање го напушти тренингот само по 15 минути придружуван од физиотерапевтот. Нема конкретни податоци за што точно се работи, но сите извори од Русија наведуваат дека Нејмар го мачи десното стапало.
Како што пренесе „Глобо“, Нејмар чувствува болка во глуждот на десната нога, а болката нема никаква врска со операцијата која му беше извршена на стапалото и се очекува да биде на денешниот тренинг.
Најновите вести за повредата на Нејмар би можело да значат дека тој нема да му биде на располагање на селекторот Тите за натпреварот од второто коло против Костарика.

Најнови вести