Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Дуото Нејмар-Мбапе и ВАР системот го спаси ПСЖ

Францускиот првак со пресврт во второто полувреме победи против Генгамп

Пари Сен Жермен се намачи, но на крајот ги освои трите бода во дуелот против Генгамп, во второто коло од француското првенство. Актуелниот шампион имаше неочекуван отпор од домаќините, кои на полувремето водеа со 1:0. Генгамп даде и втор погодок, но судијата го поништи, откако преку ВАР системот процени дека имало фаул во напад. 
На почетокот на второто полувреме во игра влезе Килјан Мбапе, па фаворитот заигра многу подобро. Најпрво Нејмар од пенал израмни на 1:1 во 53 минута, а свое шоу во последните 10 минути имаше Мбапе. 
Францускиот репрезентативец погоди во 82 минута за водство од 2:1, а во 90 минута само потврди дека трите бода ќе заминат за гостите. „Светците“ на крајот победија со 3:1, иако на полувремето беа во негатива. 

 

Најнови вести