Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Реал сонува за Нејмар, а тој, пак, замина во Барселона

Бразилецот беше да ги посети своите поранешни соиграчи

Додека Реал Мадрид се обидува да го доведе Нејмар, Бразилецот повторно е во друштво со Лионел Меси и Луис Суарес. Според весникот „Мундо депортиво“, Нејмар денеска изненадно се појавил на тренингот на каталонскиот гигант, а топол пречек му приредија неговите поранешни партнери од нападот, Меси и Суарес.
Пред малку повеќе од една година, Нејмар си замина од Барселона и за сума од 222 милиони евра прејде во тимот на Пари Сен Жермен. Летово Реал Мадрид константно се обидува да го купи Нејмар. Кралскиот клуб нуди и 300 милиони евра, но засега нема ништо од трансферот на „Сантијаго Бернабеу“.
Додека Реал го чека Нејмар во Мадрид, тој се појави во Барселона. Главната причина поради која Нејмар е во Барселона е снимањето рекламна кампања. 

 

Најнови вести