04.8.2018 Работно во Фиренца: Пјаца и Миралаш на позајмица во Фиорентина
За „виолетовите“ ова се единаесеттото и дванаесеттото засилување за ова лето
Калчолигашот Фиорентина во еден ден договори две засилувања. Станува збор за Марко Пјаца од Јувентус и Кевин Миралаш од Евертон, кои пристигнуваат како позајмени играчи до крајот на сезоната. За трансферот на Хрватот исплатија два милиони евра, а според договорот имаат опција да го откупат на крајот на сезоната за сума од 20 милиони евра. Фиорентина исто така ќе може да го откупи и Миралаш, но за значително пониска сума.
Стратегот Стефано Пиоло имаше доста напорно лето за да состави тим со кој ќе брка пласман во европските натпреварувања. Ангажманите на Пјаца и Миралаш веќе бројат 12 нови лица во таборот на тимот од Фиренца.