Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2012

Петковиќ се договори со Лацио

Претходните денови се шпекулираше дека Лацио го пронајде новиот тренер, а денеска италијанските медиуми пренесоа дека Владимир Петковиќ, досегашниот тренер на Сион, ќе премине во Вечниот град.

Наводно, Петковиќ, кој му помагаше на Сион да избори опстанок во швајцарската прва лига, ќе потпише двегодишен договор со Лацио, каде што би требало да заработува околу 600 илјади евра по сезона.
Римскиот клуб наредната сезона ќе се натпреварува во Лигата на Европа, до каде што го донесе довчерашниот стратег Едоардо Реја.
Петковиќ е роден во Сараево за време на Југославија, играше за истоимениот клуб, како и за Рудар и Копер, пред да замине за Швајцарија, каде што играше за неколку тамошни екипи.

Најнови вести