Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2018

Швеѓаните загрижени поради капитенот, Швајцарците со разредена одбрана

Двете репрезентации ги надминаа очекувањата пред почетокот на Мундијалот, особено Шведска која беше прва во групата Ф пред Мексико, Јужна Кореја и бранителот на титулата Германија.

Шведска и Швајцарија имаат долга историја во меѓусебните дуели, но последен пат се сретнале во 2002 година кога ремизирале 1-1.
На Европските првенства играле меѓу себе четири пати, и двата тима имаат по една победа, а Швеѓаните водат на мундијалските средби со 3-2.
Пред дуелот во Санкт Петерсбург и двете репрезентации имаа проблеми со составите.
„Викинзите“ не можат да сметаат на фудбалерот од средината на теренот Себастијан Ларсон, а капитенот Андреас Гранквист би можел да биде под дополнителен притисок бидејќи очекува принова.
За Швајцарија нема да играат двајца стандардни фудбалери во одбраната – Фабијан Шар и Штефан Лихтштајнер се суспендирани поради жолти картони.
И двата тима се борат против традицијата – Шведска 24 години не постигнала гол во нокаут фазата, а Швајцарија уште подолго, од 1954 година.
Швајцарија во натпреварот влегува како шести тим на ФИФА ранг листата, најдобро пласирана од сите второпласирани тимови од групната фаза на Мундијалот.
Од друга страна Шведска е охрабрена по убедливата победа над Мексико од 3-0 во пресудниот натпревар за пласман во осминафиналето, што им е најубедлива победа од Светското првенство во 1994 година во САД кога на крајот беа трети.
Победникот на овој натпревар во четврт-финалето ќе игра со подобриот од дуелот Англија – Колумбија кој на програмата е денес во 20 часот.

Најнови вести