Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2018

Шведска ја прати Швајцарија дома

Репрезентацијата на Шведска се пласираше во четврт-финалето на Светското првенство во Русија откако во Санкт Петерсбург ја победи Швајцарија со 1-0.

Шведска во четврт-финалето ќе игра против Англија која синоќа по подоброто изведување на пеналите ја елиминираше Колумбија.
Швеѓаните беа подобри во првото полувреме и имаа подобри шанси, а Маркус Берг во 28-ата и Албин Екдал во 41-ата минута пропуштија добри можности да го отворат резултатот.
Најдобрата шанса за Швајцарија ја имаше Блерим Џемаили во 39-тата минута, но до полувремето немаше голови.
Шведска дојде до предност во 66-тата минута со голот на Форсберг. Фудбалерот на Лајпциг се проби низ противничката одбрана, шутираше од работ на шеснаесетникот, топката го закачи Мануел Аканџи и го смени правецот и заврши во мрежата.
Швајцарците во финишот на натпреварот тргна на сè или ништо, но наместо изедначување можеше да претрпат поубедлив пораз.
По еден брз контранапад на Швеѓаните Олсон изби пред шеснаесетникот на Швајцарија, Ланг го собори од грб, а судијата Дамир Скомина покажа на белата точка и црвен картон за фудбалерот на Швајцарија.
Меѓутоа по прегледувањето на снимката, Скомина ја смени својата одлука и покажа прекршок надвор од шеснаесетникот, но Тоивонен од слободниот удар не го смени резултатот.

Најнови вести