Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Велковски му донесе победа на Сараево

Македонскиот интернационалец стрелец во минималниот триумф на „бордо-белите“ на гостувањето кај Слобода

Крсте Велковски со својот лигашки првенец сезонава му обезбеди три бода на Сараево во домашниот шампионат на БиХ. Македонскиот напаѓач ја затресе мрежата на домаќините пред финишот на првото полувреме(46 минута), што беше доволно за Сараево да запише втора победа по три кола.