Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2012

Виериња во Волфсбург

Волфсбург го доведе и четвртото засилување во зимскиот преоден рок. Договор со „волците“ до 2015 година потпиша португалскиот крилен напаѓач Виериња.

Довчерашниот член на ПАОК во петок ќе им се приклучи на новите соиграчи, со кои во продолжението на Бундеслигата ќе се обиде да го поправи дванаесеттото место на табелата.
„Виериња импресионираше во ПАОК, како со постигнатите голови така и со асистенциите. Со неговите квалитети сигурно ќе ја подобри нашата напаѓачка игра“, рече тренерот Феликс Магат.
Својата кариера Португалецот ја почна во Порто, а во 2009 година премина во редовите на грчкиот ПАОК. Во актуелната сезона во Грција постигна пет гола и шест пати асистираше, а четири погодоци постигна на натпреварите од Лигата на Европа. За репрезентацијата на Португалија сè уште нема настап.
Волфсбург, во првите два дена од преодниот рок доведе три нови играчи, и тоа: Петр Јирачек, Слободан Медојевиќ и Ферхан Хасани.

Најнови вести