Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Еден час деби-настап за Хасани во Ал Раед

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани дебитираше за Ал-Раед во првенството на Саудиска Арабија и за почеток одигра нешто повеќе од еден час како стартер во тимот

Ал-Раед успеа да освои еден бод на гостувањето кај Ал-Етифак во премиерниот меч во шампионатот на Саудиска Арабија, а нашиот репрезентативец Ферхан Хасани го одигра првиот меч за новиот тим.
Летово популарниот Буба потпиша договор со Ал-Раед вреден 1,2 милиони долари и денеска дебитираше. Одигра 65 минути и беше заменет при резултат 1-0 за Ал-Етифак, а неговиот тим, сепа, успеа да израмни во финишот на мечот и да освои еден бод.
Ал-Раед е еден од најпознатите клубови во Саудиска Арабија и го ангажираше Хасани со цел да се освои титулата.

 

Најнови вести