17.2.2017 Клатенбург ја напушта Премиер лигата, оди во Арабија
Официјално најдобриот европски судија Марк Клатенбург ќе ја напушти англиската Премиер лига поради понудата од Саудиска Арабија, пренесува Би-би-си.
Клатенбург има 41 година, а минатата сезона го судеше финалето на ФА купот, Лигата на шампионите и Европското првенство во Франција.
Тој во декември изјави дека би размислил околу тоа да си замине од Англија и да оди во кинеската Суперлига.
Таблоидот „Сан“ наведува дека Клатенбург би можело да си оди од Англија пред 25-ти февруари, кога продолжува натпреварувањето во Премиер лигата.
Клатенбург, наводно, е разочаран бидејќи судиите ја немаат потребната поддршка во Премиер лигата, поради што неговата одлука за заминување е неминовна.
Тој пред Божиќ бараше да го раскине договорот, но тоа барање му беше одбиено.